9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Воведува вонредна состојба, ги затвора границите?

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека руското раководство предводено од Владимир Путин можеби подготвува нова наредба за мобилизација.

Тој исто така смета дека тоа би можело да ги затвори границите следната недела. Резников преку видео порака им се обрати на граѓаните на Русија и ги предупреди луѓето кои би можеле да бидат подобни за мобилизација.

„Сигурно знам дека ви останува уште околу една недела пред изборите. На почетокот на јануари руските власти ќе ги затворат границите за мажите, ќе прогласат вонредна состојба и ќе започнат нов бран на мобилизација. Границите ќе бидат затворени и во Белорусија“, рече тој.

Резников предупреди дека Русите кои живеат во градовите ќе бидат особено загрозени.

Кирил Буданов, шефот на украинската разузнавачка служба, за Би-Би-Си изјави дека новата руска наредба за мобилизација ќе започне на 5 јануари.

Спонзорирано: