10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја лансираше три нови балистички ракети

Северна Кореја лансираше три нови балистички ракети во денеска наутро, кои паднаа во морето источно од Корејскиот полуостров, соопштија јужнокорејски воени извори.

Оваа година Северна Кореја веќе изврши невиден број пробни лансирања на ракети, што се толкува како притисок од Пјонгјанг за развој на оружје, а се појавија шпекулации дека тоа може да доведе до седма проба на нуклеарно оружје.

Јужнокорејски воени извори соопштија дека три балистички ракети со краток дострел биле истрелани околу 8 часот по локално време од локација јужно од главниот град Пјонгјанг. Сите три проектили летале на височина од околу 100 километри и поминале растојание од околу 350 километри, јави агенцијата „Кјодо“, повикувајќи се на јапонското Министерство за одбрана.

Во понеделникот пет севернокорејски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на Јужна Кореја, што резултираше со активирање на јужнокорејски авиони и хеликоптери кои се обидоа да ги соборат натрапниците. Тоа беше прв инцидент од ваков вид од 2017 година.

Не сметајќи ги лансирањата во саботата, Северна Кореја оваа година истрела околу 70 балистички ракети, вклучително и осум интерконтинентални проектили, објави јужнокорејската агенција Јонхап.

Севернокорејската државна агенција сè уште не известила за лансирањето во сабота, но рече дека државниот лидер Ким Џонг Ун претседавал со партискиот состанок во петокот на кој се одлучува за политиката и стратегијата за следната календарска година.

Спонзорирано: