3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин за смртта на поранешниот папа: Беше бранител на традиционалните христијански вредности

Во Ватикан пристигнуваат пораки со сочувство по повод смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснавсетти, кој почина на 96-годишна возраст.

Сочувство изрази и рускиот претседател Владимир Путин. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази сочувство за смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, велејќи дека е „принципиелен во својата вера, неуморен во напорите за промовирање на мирот и решителен во одбраната на човековите права“.

„Го паметиме папата Бенедикт како скромен човек на молитва и проучување“, рече Гутереш.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Бенедикт е „бранител на традиционалните христијански вредности“.

Бенедикт Шеснаесетти беше еминентен религиозен и државник, убеден бранител на традиционалните христијански вредности“, напиша тој во пораката со сочувство до папата Франциско, што ја пренесе Кремљ.

Патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, рече дека „за време на папството на Бенедикт XVI, односот меѓу Руската православна црква и Римокатоличката црква значително се разви во духот на братската соработка и желбата за интеракција за тоа како да се надминат понекогаш болното наследство од минатото“.

Спонзорирано: