Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Почина првата американска водителка на вечерни вести

Барбара Волтерс, првата жена водителка на вечерни вести во САД и едно од најпрепознатливите лица на американската телевизија, почина во својот дом во Њујорк, на 93-годишна возраст.

Веста ја објави телевизијата Еј-Би-Си, каде Волтерс го помина најголемиот дел од својата кариера.

Таа ја започна својата телевизиска кариера на NBC во „The Today Show“ во текот на 1960-тите, и работеше како сценарист и продуцент.

Таа влезе во историјата како првата жена која беше дел од парот за водење на вечерни вести, кој дотогаш беше позиција исклучиво за мажи.

Волтерс го започна популарното женско ток-шоу „The View“ во 1997 година, а во текот на нејзината кариера стана позната по разговорите со највлијателните и најмоќните луѓе ширум светот.

На списокот на луѓе со кои имала многу интересни разговори биле поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, британската премиерка Маргарет Тачер, либискиот лидер Моамер Гадафи, ирачкиот владетел Садам Хусеин и секој од американските претседатели со нивните сопруги, почнувајќи од Ричард и Пет Никсон.

За својата работа доби 12 Еми награди.