10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Почина поранешниот папа Бенедикт XVI

Поранешниот папа Бенедикт XVI почина во својата резиденција во Ватикан на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече од функцијата поради нарушено здравје.

Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години додека, во 2013 година, стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј XII во 1415 година.

Бенедикт ги поминал своите последни години во манастирот Mater Ecclesiae во рамките на ѕидините на Ватикан.

„Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан“, соопшти Ватикан во соопштение за медиумите.

Иако поранешниот папа бил болен извесно време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста.

Во средата, папата Франциск на својата последна аудиенција годинава во Ватикан апелираше сите „да кажат посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.

Папата Бенедикт XVI, со вистинско име Јозеф Рацингер, е роден во Германија. Имаше 78 години кога стана еден од најстарите папи некогаш избран во 2005 година. За време на поголемиот дел од неговото папство, Католичката црква се соочи со обвинувања за децениска злоупотреба на деца.

Претходно оваа година, поранешниот папа призна дека биле направени грешки во справувањето со случаите на злоупотреба додека бил надбискуп на Минхен помеѓу 1977 и 1982 година.

Јозеф Рацингер, кој го зел името Бенедикт XVI како папа, е роден на 16 април 1927 година во Марктл, Баварија. Неговиот татко бил полицаец, а Рацингер поголемиот дел од своето детство го поминал во Траунштајн, каде посетувал средно училиште.

Бенедикт XVI. беше првиот папа кој се откажа од своите должности по 598 години, што ги изненади и шокираше верниците во светот, но и неговиот најтесен круг во Ватикан.

Неговиот понтификат официјално заврши на 28 февруари 2013 година по седум години, десет месеци и девет дена.

Спонзорирано: