15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Њујорк се отвори првата легална продавница за рекреативна марихуана

Во Њујорк беше отворена првата легална продавница за рекреативна марихуана во строгиот центар на Менхетен, во областа Ист Вилиџ. Повеќе од сто луѓе се собраа во продавницата што ја води непрофитното здружение „Housing Works“, посветено на борбата против бездомниците и сидата.

„Првата легална продажба на канабис за возрасни е историски момент за индустријата за канабис во Њујорк“, рече Кети Хочул, гувернерка на четвртата најнаселена држава во Америка. Таа рече дека очекува Њујорк да послужи како национален модел за безбедна и инклузивна индустрија за канабис.

„Housing Works“ беше една од 36-те организации кои добија дозвола за продажба на рекреативна марихуана во ноември. Целта е да се издаде дозвола за тргување на 150 лица кои се осудени за поседување или продажба на канабис.

Приходите од данокот на продажба на марихуана ќе се инвестираат во јавни училишта, установи за лекување на ментално здравје и зависности и проекти за домување. Хочул во соопштението за печатот изјави дека забраната на марихуаната имала особено негативно и непропорционално влијание врз Афроамериканците и латино заедницата.

Градот очекува продажбата на канабис да достигне 1,3 милијарди долари во 2023 година и да создаде меѓу 19.000 и 24.000 нови работни места во следните три години. Њујорк ја легализираше марихуаната минатиот март.

Спонзорирано: