15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Се упатил кон татковината од Германија за празниците: Починал во автобус

Нишлија (63) почина денеска околу 9:20 часот во автобус кој сообраќал на релација Дуизбург – Ниш.

Како што неофицијално објавуваат српските медиуи, станува збор за српски државјанин кој живее и работи во Германија и кој најверојатно дошол во татковината да ги прослави празниците со семејството.

Според медиумите автобусот сопрел да направи пауза спроти мотел, возачот забележал дека сите излегле освен еден маж. Кога му пришол видел дека не дава знаци на живот, па била известена полиција и Брза помош. Но, лекарите можеле само да констатираат смрт бидејќи човекот веќе починал.

Утврдено е дека смртта е природна и дека нема сомнителни околности.

Спонзорирано: