20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку петмина загинати, тројца во тешка состојба во пожар по судир на автопат во Јужна Кореја

Пет лица загинаа, а 37 се повредени во голем пожар што избувна денеска на автопат во Јужна Кореја, соопштија од итните служби на земјата.

Националната противпожарна агенција соопшти дека тројца од повредените се во тешка состојба, а 34 лица се полесно повредени.

Медиумите јавуваат дека пожарот избувнал кога се судриле автобус и камион.

Официјален претставник на јужнокорејската национална противпожарна агенција на местото на настанот изјави дека причината сè уште е под истрага и пожарот е изгаснат.

Спонзорирано: