3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца тинејџери од Германија загинаа на скијање во Австрија

Двајца германски тинејџери загинаа додека скијале во Австрија откако паднале во провалија длабока 60 метри, соопшти полицијата.

Сведоците известуваат дека 17-годишните момчиња скијале со голема брзина на патека со средна тежина во скијачката област Вејдринг и на половина пат паднале во провалија.

Брзата помош и две екипи со хеликоптери не успеаја да ги спасат скијачите кои загинаа на лице место.