3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девојче во Австралија му го спаси животот на помалиот брат, родители загинаа во несреќа

Петгодишно девојче го спасило животот на својот помал брат откако нивните родители загинале во сообраќајна несреќа, оставајќи три мали деца заробени во урнатините повеќе од два дена, во оддалечен дел од руралните средини на Западна Австралија, објави Nine News.

Полицијата на Западна Австралија соопшти дека семејниот автомобил бил пронајден вчераутрото во Кондинин, на околу 280 километри источно од градот Перт.

Родителите Синди Бредок (25) и Џејк Деј (28) биле прогласени за мртви на местото на настанот, додека нивните три деца ја преживеале несреќата.

Сепак, децата останале заробени во возилото со нивните мртви родители на високи температури додека не биле откриени од загрижен член на семејството. Исчезнувањето на петчленото семејство, меѓу кои и едно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од 1 и 2 години, било пријавено ден претходно бидејќи не стигнале на прославата на Божиќ.

Братучедот Мајкл Рид потврди дека 5-годишното девојче го спасило животот на својот најмлад брат ослободувајќи го од детското седиште.

„Да не беше 5-годишното дете кое го откопчува столчето на 1-годишното дете, тој немаше да биде со нас денес. Малото девојче веројатно нема да биде свесно за тоа неколку години“, рече Рид.

Ред истакна дека децата биле изложени на уште поголеми маки поради високата температура.

„Тие беа заглавени во автомобилот 55 часа на топлина од 30 степени Целзиусови. Никој не знае низ што поминале“, додаде тој.

Од полицијата потврдија дека децата биле пренесени во болница со тешка дехидрација. Нивните повреди не се опасни по живот и се очекува во наредните денови да бидат пуштени од болница.