9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море коментирајќи ги неодамнешните извештаи во грчките медиуми за плановите на Атина да ја прошири границата на територијалните води кај островот Крит до 12 милји.

„Последниве денови, главно во грчките медиуми, имаше извештаи за планови на Атина да ги прошири територијалните води кај островот Крит на 12 милји. Нашиот став за ова прашање е многу јасен. Уште еднаш ја предупредуваме Грција: не барајте авантура, не стремете се кон лажно херојство, не изложувајте се на авантура, последиците може да бидат многу штетни“, изјави турскиот министер за надворешни работи.

!Нема да дозволиме територијалните води на Грција во Егејското Море да се прошират ниту за една милја, а камоли за 12 милји. Одлуката на нашиот парламент од 1995 година за ова прашање сè уште е во сила, рече Чавушоглу.

Спонзорирано: