23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ги поддржува мерките што ги презема Белград на Косово и Метохија

Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека не е точно оти Русија ја дестабилизира ситуацијата во Косово.

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на министерот за внатрешни работи, т.н. Косова Џелаља Свечље дека Србија, која е под руско влијание, има намера да го дестабилизира Косово со поддршка на српското малцинство, Песков рече: „Србија, се разбира, е суверена земја и тоа апсолутно не е точно“.

„Србија ги брани правата на Србите што живеат во таа област во тешки услови. Се разбира, тие силно реагираат кога тие права се прекршени“, продолжи прес-секретарот на претседателот, пренесува „Спутник“.

Песков истакна дека Русија и Србија „имаат блиски сојузнички односи“.

„Се разбира, Русија многу внимателно следи што се случува, како се обезбедуваат правата на Србите и, се разбира, го поддржуваме Белград во акциите што ги презема“, рече Песков.

Спонзорирано: