13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петковиќ: Вучиќ побара од Србите да се повлечат од барикадите

Директорот на Канцеларијата за Косовo, Петар Петковиќ, на прес-конференција во врска со настаните на Косово истакна дека српскиот претседател Александар Вучиќ побарал луѓето да се повлечат од барикадите.

„Во овие речиси невозможни услови, кога бевме на работ на конфликт, она што го добивме е најсилното што сме го имале досега. Синоќа и во изминатите денови и недели, претседателот Вучиќ се бореше за секој збор и буква за да се зачува мирот, животот на нашиот народ на Косово. За време на тешките разговори со Србите во Рашка, претседателот неколку пати разговараше и со Лајчак и Ескобар. Тој никогаш не попушти по прашањето за барањата, бидејќи Србите нема да ја толерираат суровоста на Албин Курти. Добивме официјално заедничко соопштение од САД и ЕУ во кое се исполнува второто барање, каде најважниот дел е да се потврди дека нема списоци за апсење или гонење на Србите за учество на протести и на барикадите, истакна Петковиќ.

Додаде дека Србите знаат на што е подготвен Албин Курти.

„Сега со оваа изјава, апсолутно, нашите луѓе на барикадите се заштитени. Нема списоци за апсење и нема да бидат кривично гонети. Тоа е голема победа за српскиот народ во Косово и за претседателот Вучиќ, кој цврсто го бранеше опстанокот на својот народ. Третата работа се гаранциите на Кфор, каде јасно е потврдено дека косовските безбедносни сили не можат да одат на северот на Косово без дозвола на претставниците на месните заедници од северот на Косово. Тоа е сосема нова изјава и станува избор на формално и материјално право, тоа е еден вид договор“, рече Петковиќ и додаде:

„По овие официјални изјави, претседателот Вучиќ продолжи да разговара со Србите од северот на Косово, им ја презентираше содржината на овие документи, укажа што добиваме и побара од луѓето да се повлечат од барикадите. Повторија дека само нему му веруваат, дека и веруваат само на државата Србија и дека единствените гаранции што ги прифаќаат се од него. Тие побараа да се вратат на Косово за да разговараат со другите Срби на барикадите и да донесат одлука“, рече Петковиќ.

Најави средба меѓу претседателот Вучиќ и Србите на административна линија по 19 часот, а потоа ќе биде соопштена конечната одлука.

Спонзорирано: