20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Американски генерал: Путин не може да постигне високи цели во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин моментно не е во позиција да постигне високи цели во неговата војна во Украина, но исто така не може да се повлече од конфликтот затоа што неговиот личен опстанок е во прашање, тврди пензионираниот американски генерал, Бери Мекафри.

Во гостувањето на МСНБЦ, Мекафри рече дека рускиот лидер „во основа веќе изгубил стратешки ангажман“ во Украина. Се чини дека Путин не е способен да ги исполни стратешките цели, како што е заземањето на украинскиот главен град Киев и на целиот брег на Црното Море вклучувајќи го и пристанишниот град Одеса, рече Мекафри.

Јуриј Жуков, вонреден професор по политички науки на Универзитетот во Мичиген, ја повтори сличната оценка нагласувајќи дека сегашната неспособност на Путин да ги постигне клучните цели може да се промени во иднина.

Ако Русија почне уште една офанзива за преземање на Киев во пролетта 2023 година, веројатно нема да заврши со успех, изјави Жуков за Newsweek. Ова може, предложи тој, да ја принуди Украина да ги пренасочи ресурсите од другите делови на конфликтот за да го одбрани Киев создавајќи можност за Русија потенцијално да напредува на југ и на исток.

Жуков верува дека слична ситуација веќе се случува додека Русија ослободува бран напади врз критичната инфраструктура на Украина принудувајќи ја земјата разурната од војна да одлучи помеѓу поддршка на воените напори и одбрана на цивилни цели.

„Путин ја игра долгата игра“, вели Жуков. „Бидејќи не успеа да донесе одлучувачки нокаут во почетната фаза од војната, тој се обложува дека продолжениот конфликт ќе игра во корист на Русија“, пренесе „Денес.рс“.

Спонзорирано: