13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски до Украинците: Бидете подготвени на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди граѓаните на својата земја за продолжување на руските напади во неколкуте преостанати денови од 2022 година.

„Мораме да бидеме свесни дека нашиот непријател ќе се обиде да ни го направи ова време мрачно и тешко“, рече тој во своето секојдневно видеообраќање вчеравечер. Русија изгуби сè што можеше да загуби оваа година, рече тој. „Но, по ракетните напади врз нашата земја, врз нашиот енергетски сектор, се обидува да ги компензира своите загуби со лукавството на неговите пропагандисти“.

„Знам дека темнината нема да нè спречи да ги водиме окупаторите во нивните нови порази“, продолжи Зеленски. „Но, мораме да бидеме подготвени за секакво сценарио.

Зеленски упати остри зборови до руската армија, која во саботата со артилериски напади во Херсон на југот на земјата уби најмалку 16 лица, а рани уште 64.

„Ќе го најдеме секој убиец“, рече украинскиот лидер. Киев смета дека на политичките и на воените лидери на Русија треба да им се суди за војната пред меѓународен суд по моделот на судењата на нацистите во Нирнберг по Втората светска војна.

„Русија не сака преговори и се обидува да ја избегне одговорноста за војната“, напиша Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател, на „Твитер“.

„Тоа е очигледно, така што одиме кон трибуналот. Самата Русија ја нападна Украина и ги убива нејзините граѓани“, напиша понатаму Подољак. Нема други „страни, мотиви или геополитика“, додаде тој.

Последниве денови Путин неколкупати ја покажа својата подготвеност за преговори, но не како одговор на предусловите поставени од Киев.

Додека Москва би преговарала врз основа на моментната состојба на првите линии на фронтот, Киев првин бара целосно повлекување на руските трупи од Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше окупиран во 2014 година.

Спонзорирано: