4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Ситуацијата во Косово не е далеку од конфликт од големи размери

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги коментираше последните настани на Косово.

„Новото заострување што изби во покраината убедливо покажува дека отстапувањето од сегашната регулаторна рамка за Косово само ги провоцира приштинските екстремисти. Ситуацијата не е далеку од вистински конфликт од големи размери“, рече Захарова одговарајќи на прашањето на медиумите за Косово.

Синоќа беше објавено дека се слушнале истрели на северот на Косово, а денеска српската војска стационирала неколку топови и хаубици во близина на границата со Косово.