10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поплави на Филипини, 45.000 луѓе евакуирани, 13 загинати

Најмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови што на Божиќ го зафатија јужниот дел на Филипините, соопштија денеска тамошните власти.

Потрагата по 23 лица се уште е во тек, а нивото на водата почна да опаѓа.

Силниот дожд ги прекина божиќните прослави и принуди повеќе од 45.000 луѓе да се засолнат во центрите за евакуација, соопшти агенцијата за вонредни состојби.

Спасувачките операции продолжија, а сега се проценуваат штетите во земјоделството.

Спонзорирано: