10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Полиграф“: Кој дезинформира дека Русија никогаш не нападнала никого?

Неколку македонски медиуми на 20 и 21 декември 2022 објавија наслови со тврдење дека „Русија никогаш не нападнала никого“, припишувајќи го на Кремљ и портпаролот Песков.

Во написите, се упатува на видео од ТВ Русија 1, објавено на Твитер на 20.12.2022, во кое Песков кажува дека Русија никогаш не нападнала никого:  „Но, потсетуваме дека Русија низ својата историја никогаш не нападнала никого. А Русија, која преживеа толку многу војни, е последната земја во Европа која воопшто сака да зборува, дури и да го изговори зборот „војна““.

Меѓутоа, не станува збор за нова, туку за стара изјава на Песков објавена на 02.2022четири дена пред почетокот на руската агресија врз Украина.

Новите „вести“ за старата изјава на Песков не посочуваат време и контекст. Но, и тврдењето дека „Русија низ својата историја никогаш не нападнала никого“ е историска невистина.

Руската империја водела повеќе освојувачки војни во 18-от и 19-от век, со Отоманската Империја, водела војна и со Персија, а и со неколку европски држави.

Освен тоа, во 1939 година СССР изврши воена инвазија врз Полска, потоа и врз Финска, а во 1940 и врз балтичките земји, по поделбата на Европа помеѓу нацистичка Германија и СССР, согласно тајниот протокол на пактот Рибентроп-Молотов.

И по Втората светска војна, СССР изврши воена инвазија врз повеќе држави, во Унгарија во 1956 година, во Чехословачка во 1968 година, и во Авганистан во 1979 година.

И пред воената инвазија врз Украина, Руската федерација воено напаѓаше други држави, како на пример Грузија во 2008 година.

Оттаму, изјавата на Песков дека „Русија низ својата историја никогаш не нападнала никого“, ја оценуваме како историска невистина и дезинформација.

извор: SMK.mk

Спонзорирано: