20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Гутереш е подготвен да посредува на самитот за Украина, само со согласност на сите страни

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е подготвен да посредува кога станува збор за одржување на самит за Украина, само со согласност на сите страни, вклучително и Русија, изјавија од кабинетот на Гутереш за РИА Новости.

Агенцијата наведува дека во врска со иницијативата на Киев за одржување на самит за Украина, чиј посредник би бил Гутереш, во кабинетот на генералниот секретар било кажано дека тој може да посредува само доколку сите страни сакаат тој да биде посредник.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба вчера изјави дека неговата земја сака да учествува на самитот за завршување на војната, но дека не очекува Русија да учествува на тој состанок.

Спонзорирано: