7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Лавров ги откри условите на Русија за завршување на војната: „Исполнете ги за свое добро“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека предлозите на Москва за решавање на „проблемот во Украина“ му се познати на Киев и дека Украина „или ќе ги исполни за свое добро или руската армија ќе одлучи за тоа“.

– Нашите предлози за демилитаризација и денацификација на териториите контролирани од режимот, отстранување на заканите за безбедноста на Русија кои доаѓаат оттаму, вклучувајќи ги и нашите нови територии на регионите на ДПР, ЛНР, Керсон и Запорожје, му се добро познати на непријателот. Значењето е едноставно. Завршете ги за ваше добро. Во спротивно, за прашањето ќе решава руската армија – изјави Лавров.

Лавров изјави дека „останува уште малку да се направи“. Во врска со конфликтот, тој ја префрли топката на Киев и Вашингтон, кои ги обвинува дека стојат зад сè, наведувајќи дека „во секој момент можат да стават крај на овој бесмислен отпор“.

Да потсетиме, на 21 февруари годинава рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва го признава суверенитетот на Доњецк и Лиганск. Три дена подоцна тој најави, како што го нарекуваат Русите, почеток на „специјална воена операција“. На крајот на септември, регионите Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје одржаа референдум на кој мнозинството гласачи го поддржаа приклучувањето кон Русија.

Овие референдуми Украина и Западот ги нарекоа лажни и ја отфрлија руската анексија на споменатите четири области кои и припаѓаат на Украина.

Спонзорирано: