18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ: КФОР да даде целосни информации за настаните во Зубин Поток

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека КФОР треба да даде целосни информации за тоа што се случило во Зубин Поток.

– Зошто Србите би пукале во КФОР во Зубин Поток – праша Дачиќ ТВ инсајдер и додаде дека оние кои ја гарантираат безбедноста на таа територија мора да дадат целосни информации што точно се случило таму.

Дачиќ негираше дека властите во Белград учествувале во организирањето на поставување барикади на северот на Косово и рече дека Србите на Косово се борат за своите права и легитимно.

– Ако мислите дека претставници на властите во Белград учествувале во организирањето на барикадите и се останато, слушајте, претпоставувам дека е доволно јасно дека Србите во Косово сами по себе се политички фактор. Тие се борат за своите права, легитимно – рече Дачиќ.

Спонзорирано: