23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Зеленски: Русија изгуби се што можеше да загуби оваа година, но ние мора да бидеме подготвени на се

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (Зеленски) во своето последно видео обраќање ги предупреди граѓаните на неговата земја дека руските напади можат да продолжат и во преостанатите денови од годината.

– Мора да бидеме свесни дека нашиот непријател ќе се обиде да ни го направи овој пат мрачен и тежок. Оваа година Русија изгуби се што можеше да загуби, но по ракетните напади врз нашата земја, врз нашиот енергетски сектор, се обидува да ги надомести загубите со итрината на своите пропагандисти – рече Зеленски.

Тој изјави дека темнината нема да ги спречи Украинците да ги водат окупаторите до нови порази.

– Сепак, мора да бидеме подготвени на секое сценарио – рече Зеленски.

Во саботата руската армија со артилериски напади во Херсон уби најмалку 16 лица, а рани уште 64. Зеленски рече дека Украинците ќе го најдат секој убиец.

Спонзорирано: