20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
СВЕТ

Шпанија: Автобус падна во река, шест мртви

Автобус падна од мост во реката Лерез во северозападна Шпанија, при што загинаа шест лица, додека две лица се спасени.
Автобусот синоќа паднал во реката, а спасувачките екипи по неколкучасовна напорна работа со помош на јаже од реката ги извлекле 63-годишниот возач и една патничка.

Шест лица загинаа, кои беа однесени од силната струја и брзиот тек на реката Лерез, која надојде поради обилните дождови.

Во првичните соопштенија, врз основа на изјавата на возачот, се споменуваше дека во автобусот имало девет патници, но по подоцнежни информации било констатирано дека во автобусот имало осум лица.

При тестирањето на возачот не се пронајдени траги од алкохол или дрога, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Регионалниот претседател на шпанскиот регион Галиција, Алфонсо Руеда изјави дека „многу лошите“ временски услови се една од можните причини за несреќата.

Спонзорирано: