3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Руски политички аналитичар тврди: Путин е толку болен што можеби нема да види пролет, го одржуваат во живот со лекови од Запад

Шпекулациите за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин започнаа истовремено со војната во Украина на 24 февруари, а украинските медиуми уште еднаш објавија за тешката болест на шефот на Кремљ.

Според последните тврдења, Путин умира и боледува од тежок облик на рак. Наводно, го одржуваат во живот само со лековите што ги набавува на Запад.

– Ќе ви кажам нешто многу директно. Без странски лекови, тој повеќе не би бил во јавниот живот. Тоа е апсолутно јасно. И тој ги добива овие лекови и покрај западните санкции. Тој користи најсовремени лекови кои Русија не може да му ги обезбеди. И покрај тоа, крајот е близу, бидејќи нема „вечен“ лек за ваква тешка болест – изјави рускиот политички аналитичар Валериј Соловеј за украинските медиуми.

Веднаш се наметна прашањето за неговиот последен наследник. Според „Дејли мејл“, лидер на листата на наследници на Путин е министерот за економија Дмитриј Патрушев, син на поранешниот шеф на озлогласената ФСБ Николај Петрушев, кој е еден од најблиските соработници на рускиот претседател. На списокот е и Алексеј Думин, поранешен министер за одбрана и телохранител на Путин.

Тој ги потсети британските медиуми дека веќе се објавени тезите дека Путин е тешко болен и зависен од лекови од Израел, во кои се наведува дека боледува од рак.

Политичкиот аналитичар Соловиев истакна дека тешката здравствена состојба на Путин е многу јасно видлива и дека на видеата може да се види дека тој тешко се движи. Тој додава дека „Путин неодамна се лекуваше од рак на дебелото црево, а дека во меѓувреме разви и Паркинсонова болест“.

Соловиев тврди дека со лекувањето на Путин управуваат исклучиво лекари надвор од Русија. Според прогнозите на Соловјов, Путин е во толку лоша здравствена состојба што можеби нема да ја доживее пролетта. И да е жив, нема да може да ја води државата.

Спонзорирано: