9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Австријците се уште трагаат по исчезнатите во лавината: Осуммина спасени, но бараат уште најмалку двајца

Спасувачките екипи се уште трагаат по исчезнатите во лавината во Австрија. Иако првично беше кажано дека десет лица се водат како исчезнати, советникот за државна безбедност Кристијан Гантнер рече дека пронашле осум од нив, од кои шест се неповредени, а две лица се префрлени во болниците во градовите Инсбрук и Блуденц.

Австриските власти цифрата на исчезнатите во лавината ја засноваат на видео снимки во ски-центарот и сметаат дека уште две лица се водат за исчезнати. Но, досега не добиле ниту една пријава за исчезнување.

– Сите сместувачки капацитети на Арлберг и Клостертал се информирани да пријават исчезнати лица. Многу е позитивно што досега нема добиено пријави за исчезнати лица – соопштија австриските власти и додадоа дека ќе продолжат со потрагата додека не се уверат дека нема повеќе заробени лица.

Да потсетиме, несреќата се случи на познатиот ски-центар Лех/Зурс. Лавината започна околу 15 часот во реонот на врвот Триткоф, висок 2.700 метри, во скијачката област Лех и Зурс во провинцијата Форарлберг. Според службата за предупредување од лавина, во неделата во областа имало висок ризик од лавини.

Спасувачката операција во која учествуваат околу 200 луѓе продолжува и по стемнувањето, но употребата на неколку хеликоптери е прекината. Спасувачите побарале шлемови со монтирани светла за да продолжи потрагата по настраданите во вечерните часови.

Спонзорирано: