15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Најважно е да се обезбеди оружје за сите единици на фронтот

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека најважна задача на руските одбранбени компании е да обезбедат оружје за сите единици на фронтот во потребната количина, со соодветен квалитет и во краток временски период.

Тој го изјави ова за време на посетата на Тула, каде ја посети фабриката „Шчелковски Вал“, која произведува противвоздушни системи Панцир-С и Панцир-С1, пренесе Спутник.

„Клучната задача е нашиот одбранбен комплекс да ги снабди сите единици кои се на линијата на фронтот со целото потребно оружје, опрема и муниција“, рече Путин.

Спонзорирано: