17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Уапсена е потпретседателката на Европскиот парламент – пронајден е многу кеш

Ева Каили, претставник на ПАСОК и потпретседател на Европскиот парламент, беше исклучена од партијата по истрагата на белгиските власти за неколку обвинувања за корупција.

По последните случувања и истрагата на белгиските власти за корупција на европски функционери, претставничката на ПАСОК Ева Каили е исклучена од партијата со одлука на претседателот Никос Андролакис – соопштија од партијата.

Белгиската полиција утрово извршила претрес на 16 локации во Брисел. Истрагата која трае со месеци е поврзана со корупција, перење пари и формирање криминална организација. Неколку лица се донесени на распит, а меѓу нив е и Каили.

Правосудството во Белгија се сомнева дека „земја во Персискиот Залив“ подмитувала членови на Европскиот парламент. Очигледно се работи за Катар. Како што наведуваат, оваа истрага нема никаква врска со одржувањето на Светското првенство во оваа земја.

Според федералниот обвинител во Белгија, земјата се обидела да влијае на економските и политичките одлуки на Европскиот парламент. Тоа беше направено со „плаќање големи суми пари или нудење големи подароци на трети лица со важна политичка и/или стратешка позиција во Европскиот парламент“.

При претресот биле одземени и компјутери и мобилни телефони, а најден е многу кеш.

Спонзорирано: