12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

ВЕЧЕРВА ТЕНЗИИ ВО КОСОВО: Повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, вечерва од југ влегоа во северна Косовска Митровица

Повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, вечерва од југ влегоа во северна Косовска Митровица.

Косовската полициска служба во Приштина соопшти дека полициски службеници биле распоредени на приодите кон северниот дел на Косовска Митровица и дека немало никакви инциденти.

Косовскиот онлајн портал наведува дека специјалните сили се распоредиле околу градот и ја блокирале целата северна Митровица.

Граѓаните на северна Митровица се собираат на улиците, но инциденти нема.

Рацијата на косовската полиција уследи по денешната изјава на министерот за внатрешни работи во Приштина, Џељал Свеќља, дека нивната полиција има „доволен капацитет да ги постигне целите, да контролира и воспостави целосна безбедност во сите четири општини на северот на Косово. со зголемено присуство“.

Спонзорирано: