Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус+СветВо тренд...

Властите во Кина одлучија: Ги ублажуваат мерките за изолација

Властите во Кина најавија дека асимптоматските лица заразени со корона или лицата со благи симптоми на оваа болест ќе можат да го поминат карантинот дома и повеќе нема да мора да одат во карантински кампови.

Со овој потег, властите значително ја релаксираат својата политика за нулта ковид.

Промената на правилата доаѓа само седум дена откако избувнаа големи граѓански протести низ целата земја против контролата на пандемијата. Централизираниот карантин беше длабоко непопуларен бидејќи ги раздвои семејствата.

Видеа од цела Кина покажаа владини службеници како ги „повлекуваат“ луѓето од нивните домови и ги носат во кампови за карантин.

Но, најновата најава за олеснување на ограничувањата е знак дека Кина се оддалечува од својата политика за нулта ковид и сака да „живее со вирусот“, како што е случајот во остатокот од светот. Одлуката доаѓа во време кога Кина го доживува својот најголем бран на инфекции досега.