12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Турција ја повикува Грција да престане со милитаризација на островите во Егејското Море

Говорејќи на заедничката прес-конференција со неговиот романски колега Богдан Ауреску во Анкара, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Грција треба да ги почитува договорите.

Или Грција ќе направи чекор назад и ќе се придржува до договорот, или ќе го направиме она што е потребно“, предупреди Чавушоглу, алудирајќи на неодамнешната воена вежба на Грција на островите во Егејското Море.

Тој, исто така, ја критикуваше Грција за милитаризирање на островите во Егејското Море во близина на турскиот брег, кои се демилитаризирани според долгогодишните договори.

„Ако Атина не сака мир, Анкара ќе направи се што е потребно“, рече Чавушоглу.

„Грција продолжува со провокациите. За тоа не можеме да молчиме“, додаде шефот на турската дипломатија.

Грција неодамна спроведе воена вежба на егејскиот остров Родос, на 84 километри од турскиот приморски град Фетије.

Спонзорирано: