6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Цена: САД не ја охрабруваат Украина да ја напаѓа Русија

САД не ја опремуваат ниту ја охрабруваат Украина да изврши напади преку нејзините граници, соопшти Стејт департментот по украинските напади на воените аеродроми во Русија.

„Ние не ја опремуваме Украина за прекугранични напади. Не ја охрабруваме Украина да напаѓа преку нејзините граници“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, пренесе Ројтерс. Прајс додаде дека САД ја опремуваат Украина „со она што и е потребно за да ја одбрани својата територија“.

Киев не презеде експлицитно одговорност за нападите, но ги поздрави. Прајс рече дека нема докази дека нападите ги извршила Украина. Аеродромот во Курск бил нападнат од дрон, поради што се запалил резервоар со нафта, соопшти утринава гувернерот на областа Курск во Русија, Роман Старовојт.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот објави дека „Украина се обидела да изврши напад“ на воените аеродроми во руските региони Саратов и Рјазан со помош на дронови од советско производство. Како што се наведува, руската авијација со помош на противвоздушна одбрана соборила украински беспилотни летала кои летале на мала височина. Во нападот загинаа тројца членови на воено-техничкиот персонал, а четворица се повредени.

Русија потоа започна масовен напад врз воениот команден систем на Украина и објави дека е спречен трансферот на украинските војници и оружје во борбената зона.

Спонзорирано: