13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Преживеа несреќа во Ферари со брзина од 300 километри на час – еве што остана од возилото (ФОТО)

При брзина од 300 километри на час, секој маневар за возење е потенцијално опасен. Секое поагресивно вртење на воланот ќе резултира со фатална несреќа.

Возачот (59) на Ферарито во Германија имаше невидена среќа и ќе ја има една од најинтересните животни приказни. Несреќата ја преживеал со брзина од 300 километри на час, без да повреди други учесници во сообраќајот.

Страшната несреќа се случи на А9 меѓу Минхен и Нирнберг. При престигнување возачот од непозната причина изгубил контрола над возилото и удрил во заштитна ограда.

Автомобилот застанал на неколку стотини метри, а возачот бил само полесно повреден. Неговиот скап SF90 Stradale бил целосно уништен. Штетата изнесува околу 450.000 евра.

Германските автопати се познати по тоа што немаат ограничувања на брзината на одредени делови, но кога ќе предизвикате сообраќајна несреќа, треба да докажете дека пребрзото возење не било причина.

Грешките зад воланот знаат да бидат скапи, а само малкумина имаат можност да преживеат таква несреќа и да зборуваат за тоа.

Спонзорирано: