11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТИЗБОР

Патниците на германската железница ќе пијат кафе од порцелански шолји

В година патниците од германските железници ќе може да добијат кафе во порцеланска шолја, објави германскиот железнички оператор.

Патниците ќе може да изберат дали да пијат од „висококвалитетни порцелански или стаклени чаши“ кога нарачуваат храна и пијалаци на меѓуградски и на брзи линии, се вели во соопштението на компанијата.

Чашите и чините за повеќекратна употреба ќе им бидат понудени на клиентите бесплатно и без депозит за сите нарачки од бистрото на возот, се вели во соопштението.

Германија сака да го намали количеството отпад што се произведува во возовите, но пластичната и картонската амбалажа сепак ќе биде достапна на барање на клиентите.

Спонзорирано: