15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Обид за државен удар во Германија: Апсења низ земјата

Низ Германија беа уапсени 25 лица осомничени за заговор за државен удар и за соборување на владата.

Германските медиуми јавуваат дека група десничари и поранешни воени лица планирале да упаднат во зградата на парламентот и да ја преземат власта.

Рациите се извршени во 11 германски сојузни покраини, соопшти обвинителството.

Осомничените кои беа уапсени се дел од терористичка група чија цел е да го урне постоечкиот државен поредок во Германија и да го замени со свој, а не го исклучуваат насилството врз државата како средство за постигнување на целта.

Тие се уапсени во германските покраини Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Хесен, Долна Саксонија, Саксонија, Тирингија, како и во Австрија и Италија.

Тие се обвинети дека се подготвувале за акции засновани на нивната идеологија најдоцна од крајот на ноември 2021 година.

Спонзорирано: