11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Луакашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили.

Државната новинска агенција БелтА објави дека Белорусија преместува сили за да го тестира својот одговор на можни терористички напади.

„Во овој период се планира преместување на воена опрема и персонал на силите за национална безбедност“, соопшти Советот за безбедност на земјата, а пренесува новинската агенција.

„Тоа вклучува ограничено движење на граѓаните на одредени јавни патишта и области, а предвидена е и употреба на оружје за имитација“, додаваат од Советот за безбедност. Нема информации кои делови од земјата би можеле да бидат погодени, пренесува „Ројтерс“.

Белорусија соопшти дека нема да влегува во војна со соседна Украина, но претседателот Александар Лукашенко претходно нареди војници да се распоредат со руските сили во близина на границата со Украина, наведувајќи ги заканите за Белорусија од Киев и Западот. Украина со месеци предупредува дека Белорусија и Русија би можеле да планираат заеднички упад преку северната граница на Украина.

Спонзорирано: