10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Перење пари: 2.469 лица се приведени во акцијата на Европол

Во голема меѓународна акција против перење пари, која беше спроведена во 25 земји под координација на Европската полициска организација (Европол), приведени се 2.469 лица.

Во оперативната фаза спроведена од средината на септември до крајот на ноември годинава, идентификувани се 8.755 курири со пари, заедно со 222 регрутери.

Европол соопшти дека е евидентирано дека се запленети 17,5 милиони евра „црни пари“ од 4.089 сомнителни трансакции, кои биле поддржани од околу 1.800 различни банки и институции.

Акцијата беше поддржана од Европската банкарска федерација (ЕБФ), Агенцијата за судска соработка на Европската унија (Европравда) и Интерпол, а беа вклучени безбедносните сили на земјите-членки на ЕУ, како и безбедносните единици на Велика Британија, Обединетите држави, Сингапур, Хонг Конг и Молдавија.

Европол, кој сака да спречи невини луѓе да се користат како алатка за „перење пари“, од денеска ќе се обиде да ја подигне свеста на социјалните мрежи со хаштагот „#DontBeaMule“.

Европол претходно спроведе седум операции под името „Европска акција против финансиски курири“ во борбата против кривичното дело „перење пари“.

Спонзорирано: