7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Драма на небото: Се урна хрватски воен авион

Се урна хрватски МиГ.

МиГ се урна кај Дарувар, јавува Јутарњи лист. Оваа информација ја потврдија од Министерството за одбрана. Како што соопшти Министерството за одбрана, падот се случил при планирана обука.

– Авионот МИГ-21 на хрватското воздухопловство се урна за време на планираната обука во вторник, 6 декември 2022 година, пред 14:00 часот во областа кај Слатина во Вировитско-подравинската жупанија. Преземени се сите мерки и дејствија за пронаоѓање и спасување на екипажот – соопшти хрватското Министерство за одбрана.

МИГ се урнал во ненаселена шумска област. Според хрватските медиуми, потрагата по еден пилот е во тек. Другиот успеал да се катапултирал, додаваат медиумите.

Спонзорирано: