15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Драма на Косово: Се слушаат детонации, одекнуваат сирени

По Зубин Поток и северна Косовска Митровица, одекнуваат сирените за воздушна опасност. Медиумите јавуваат и дека одекнуваат детонации.

Најпрвин беше објавено дека членовите на изборната комисија се придружувани од косовската полиција насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, што предизвикало бунт кај граѓаните кои случајно се нашле таму. Потоа се појави веста дека истата акција била спроведена и во северниот дел на Косовска Митровица.

Според медиумите, припадници на полицијата придружувани од членови на општинската комисија насилно влегле во просториите на општината во Зубин Поток, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.

Членовите на општинската изборна комисија во Северна Митровица придружувани од специјалната косовска полиција упаднаа во просториите што ги користеше ОИК на претходните избори, а во градот се слушаат топовски истрели и сирени, јавува Косово онлајн.

Спонзорирано: