20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Заразата се шири во Велика Британија: За седум дена починаа шест деца до 10 години

Во Англија оваа сезона, за само седум дена, евидентирани се дури шест смртни случаи на деца помлади од 10 години, откако им била дијагностицирана инвазивна стрептококна инфекција А, објави Британската агенција за здравствена безбедност (UKHSA).

Агенцијата за здравствена безбедност наведува и дека случаите на шарлах, која е предизвикана од стрептокока А, „се повеќе отколку што би очекувале во овој период од годината“.

Во минатата недела во Велика Британија се пријавени 851 случај, што е значително повисоко од просекот од 186 во претходните години.

УКХСА соопшти дека истрагата е покрената по извештаите за зголемување на инфекциите на долниот респираторен тракт со бактеријата стрептокок А кај децата во последниве недели, што предизвикува некои сериозно да се разболат.

Стрептококата од групата А е честа бактерија која најчесто предизвикува релативно благи инфекции, како што се болки во грлото.

Само во ретки случаи бактеријата стигнува до крвотокот или некое друго место во телото каде што нормално не се наоѓа, брзо се размножува и предизвикува посериозни проблеми.

Лекарите го нарекуваат инвазивен стрептокок од групата А и се чини дека е причина за сите смртни случаи.

Постојат различни видови на стрептокок А, а сè уште не е познато дали само еден е одговорен за смртните случаи. Познато е дека починатите деца не живееле блиску едно до друго, па слободно може да се каже дека не се заразиле, но поверојатно е дека не примиле антибиотици навреме.

Д-р Џими Чоу, здравствен советник во УКХСА, рече дека групата А стрептокок обично предизвикува блага болест, со симптоми кои обично вклучуваат болки во грлото, треска и помали инфекции на кожата. Се лекува со антибиотици пропишани од општ лекар.

Во ретки случаи, тоа може да биде сериозна болест и секој со висока температура, силни мускулни болки, болки во еден дел од телото и необјаснето повраќање или дијареа треба да побара лекарска помош.

Стрептококата А може да се шири со кашлање, кивање и контакт кожа со кожа.

Луѓето на возраст над 65 години, оние со ХИВ, оние кои користат стероиди или други лекови или страдаат од дијабетес, срцеви заболувања или рак се изложени на најголем ризик од инфекција.

Оксана Писик, од Програмата за образование за заразни болести на Универзитетскиот колеџ во Лондон, објасни за Sky News дека стрептокок А често може да биде сличен на грипот. Сепак, еден начин да се направи разлика е тоа што понекогаш има „белузлава обвивка на јазикот“.

Таа додаде дека поради начинот на кој се шири инфекцијата, таа има тенденција да биде почеста во училиштата и домовите за стари лица и дека е важно луѓето што ќе се заразат да добијат антибиотици што е можно побрзо за да се спречат компликации.

Спонзорирано: