10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ердоган за соработка со Русија „Во тек е создавање гасен центар за снабдување на Европа со гас“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата спроведува подготвителни работи за создавање руско-турски гасен центар за снабдување на Европа со гас.

Рускиот претседател Владимир Путин, како што знаете, предложи природниот гас за Европа да се дистрибуира преку територијата на Турција. Вршиме подготвителна работа за тоа – рече Ердоган.

Во октомври, рускиот претседател ја предложи идејата за формирање центар во Турција за пренасочување на количината на гас.

Според тој предлог, најголемиот гасен центар во Европа треба да се изгради во Турција и испораката на гас, која веќе не е возможна преку „Северен тек“, да се пренасочи кон тој центар.

Путин тогаш изјави дека ова може да вклучи и изградба на друг гасовод.

Спонзорирано: