11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Гебрејзус: Околу 90 проценти од населението има имунитет, пандемијата на коронавирус не е завршена

Најмалку 90 отсто од светското население има некаков облик на имунитет на коронавирусот, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус (Гебрејесус), но тој предупреди на намалената будност на населението кон вирусот.

– Овој пад на будноста ја остава отворена вратата за појава на нова варијанта која веројатно ќе се прошири и ќе ја замени моментално доминантната омикронска варијанта – рече Гебрејзус на прес-конференција.

Според него, најмалку 90 отсто од светската популација моментално има некаква форма на имунитет на вирусот САРС-КоВ-2, било преку претходно заболување или преку вакцинација.

Гебрејесус рече дека е рано да се каже дека пандемијата на коронавирус е завршена, пишува Радио Слободна Европа.

– Се уште не сме стигнале до крајот. Недостатокот на надзор, тестирање и вакцинација продолжува да создава совршени услови за појава на загрижувачка нова варијанта што може да предизвика висока стапка на смртност, рече тој.

Спонзорирано: