23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Тлото не се смирува: Три земјотреси во Грција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи утринава нешто по 6:30 часот во близина на грчкиот остров Евија.

Земјотресот е почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини.

После тоа, речиси еден час подоцна, следеа два нови земјотреси, во истото подрачје, со јачина од 4,1 и 4,2 степени според Рихтеровата скала, пишува грчкиот весник.

Епицентарот на првиот земјотрес бил лоциран во морското подрачје, на пет километри од брегот на Заракес на Евија, на југоисточната страна на островот и бил на длабочина од 13,3 километри.

Спонзорирано: