17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТТОП ВЕСТИ

НАТО: Ќе направиме сѐ

Денеска започнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Фокусот на состаноците ќе биде ставен на зајакнувањето на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе се сретнат во главниот град на Романија, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека учесниците на состанокот ќе посветат најголемо внимание на „илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност .

Министрите на 30-те членки на НАТО ќе се занимаваат и со прашањето за влезот на Шведска и Финска во алијансата и активностите на Кина, за која Столтенберг во петокот рече дека „го зголемува своето присуство од Арктикот до Западен Балкан и се обидува да ја контролира важната инфраструктура на НАТО сојузници“.

Тема на состанокот ќе биде и зајакнувањето на помошта за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, „земји партнери кои на различни начини се соочуваат со руски притисок“, рече Столтенберг.

За време на дводневниот состанок ќе се одржат три состаноци на Северноатлантскиот совет, клучното тело на НАТО задолжено за донесување одлуки. Заедно со министрите на членките на НАТО, на сите три средби ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Шведска и Финска, земји чиј пристап во алијансата се очекува наскоро.

Сите членки на НАТО го потпишаа протоколот за прием на Шведска и Финска, а само Унгарија и Турција не го ратификуваа.

По денешниот состанок на Северноатлантскиот совет ќе се одржи неформална работна вечера на која на министрите за надворешни работи на 30 членки на НАТО, Шведска и Финска, ќе им се придружи и министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Утре ќе се одржат два состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО.

На вториот шеф на дипломатијата на членките на алијансата, Шведска и Финска, ќе им се придружат и министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија.

Пред почетокот на дводневниот состанок, Столтенберг денеска ќе одржи говор на форум организиран од романскиот огранок на Институтот Аспен и германскиот Маршалов фонд на САД со поддршка на НАТО, а потоа ќе има билатерална средба со шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

На прес-конференцијата по повод средбата во Букурешт, Столтенберг во петокот во Брисел рече дека алијансата ќе продолжи да дава силна поддршка на Украина за нејзината одбрана од руската агресија, бидејќи во случај на победа на Русија, целиот свет ќе плати висока цена со години.

По вчерашните одвоени средби во Букурешт со романскиот претседател и министер за надворешни работи, Клаус Јоханис и Богдан Ауреску, Столтенберг изјави дека НАТО го зголемува своето присуство од Балтикот до Црното Море и дека ќе направи се што е потребно за да ги заштити сите сојузници.

Спонзорирано: