23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кличко: Нема да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ, ќе поставиме новогодишни елки во Киев

Киев планира да постави новогодишни елки, без светилки, во оштетениот град и покрај нападите на руската инфраструктура, кои оставија делови од градот без струја, соопштија властите.

„Никој нема да ги откаже Нова година и Божиќ, треба да има атмосфера на добредојде во градот“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за новинската агенција „РБЦ Украина“.

„Не можеме да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ“, рече Кличко.

Сергеј Коваленко, главниот извршен директор на компанијата ЈАСНО, која го снабдува Киев со електрична енергија, на „Фејсбук“ објави дека за да се заштеди струја, новогодишните елки ќе бидат без илуминации и венци.

Кличко изјави дека нема да има масовни собири или концерти – вообичаено за новогодишната ноќ. Градските компании ќе спонзорираат новогодишни елки низ Киев, вклучително и на плоштадот Софија во стариот дел на градот, пренесува „Хина“.

Новогодишните елки ќе бидат специјално поставени за да ги потсетуваат нашите деца на новогодишното расположение, рече градоначалникот.

Спонзорирано: