4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Двајца починаа, нови 174 случаи на коронавирус за една седмица – Короната и натаму присутна во Македонија

Тестирани се вкупно 2.827 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со незначително намалување од 0,1% во однос на минатата недела (n=2.829).

Регистрирани сe 174 нови позитивни случаи од 18 градови во државата, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела (n=179). Процентот на позитивност се движи од 2,7% до 8,2%, просечно 5,8%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=115; 66,0%). Највисока инциденца е регистрирана во Крушево (23,9/100.000), Скопје (18,9/100.000) и Битола (16,1/100.000). (Табела 2, Картограм 1).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (n=77; 44,3%). Намалување се забележува кај возрасните групи од 20-29, 30-39 и 60+ години во однос на претходната недела. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 170 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 15,4% помалку во споредба со минатата недела (n=201).

Во текот на минатата недела пријавени се 49 реинфекции, идентично во однос на претходната недела (n=49).

Пријавени се две починати лица со датум на смрт во текот на изминатата недела (21- 27.11.2022). Се работи за едно лице од Скопје и едно лице од Куманово, со коморбидитети и починати во болнички услови.