9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинското Обвинителство: 329 деца исчезнаа во војната

Украинското државно Обвинителство денеска соопшти дека 329 деца во моментот се сметаат за исчезнати во Украина, а 12.034 се депортирани во Русија.

Во соопштението објавено на социјалната мрежа „Телеграм“, а кое го пренесува „Гардијан“, се наведува дека до денес исчезнале 329 деца, 12.034 се депортирани, а пронајдени се 7.819 деца.

Обвинителството нагласува дека овие бројки не се конечни бидејќи сè уште се работи на проверка на извештаите што доаѓаат од фронтот, како и од другите делови на Украина.