10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТСПОРТТОП ВЕСТИ

Нова одлука на советот на ЕУ: Заобиколувањето на санкциите е кривично дело

Советот на Европската Унија донесе одлука заобиколувањето на санкциите воведени од ЕУ да се вклучи во листата на кривични дела, соопшти Советот на Европската Унија во Брисел.

„Советот едногласно одлучи непочитувањето на санкциите да се вметне во листата на кривични дела во ЕУ, која е вклучена во договорот за функционирање на Европската Унија“, се наведува во соопштението.

„Од суштинско значење е овие санкции да бидат целосно спроведени. Во моментот земјите членки имаат разни дефиниции за тоа што претставува прекршување на рестриктивните мерки и кои казни треба да се применат во случај на прекршување“, објаснуваат од советот.

На почетокот на октомври Европската Унија го воведе осмиот пакет-санкции против Русија, кој ја вклучува законската основа за одредување на ценовниот плафон за транспорт на руска нафта до трети земји по морски пат.

Планот е да се воведе лимит за цената на нафтата од 5 декември 2022 година, а за нафтените деривати на 5 февруари 2023 година.

Во моментот се размислува за ограничување на цените на бензинот, но не е донесена конечна одлука.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ја идејата за ограничување на цените на руските енергетски производи, рече дека Русија нема да им испорачува ништо на странски земји доколку тоа е спротивно на нејзините сопствени интереси.

Спонзорирано: