13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Родители ја малтретирале 14-годишната ќерка во Италија, за пари била ветена на постар маж

Италијанската полиција уапси брачна двојка од Босна и Херцеговина, родители на 14-годишно девојче кое било принудувано да проси.

Девојчето било принудено да проси пред локалните продавници, а тие не и давале храна и потоа ја затворале во куќата.

Откриено е и дека девојката за пари биле ветена на постар маж, иако таа јасно го одбила тоа.

На крајот, таа во солзи дошла сама во полициската станица и упатила тешки обвиненија против 41-годишниот татко и 36-годишната мајка, пишува италијанскиот „Secolo d’Italia“.

Таа сега е сместена во безбедна куќа, каде што е под надзор и заштита на полицијата и персоналот.

Полицијата проверува дали и нејзините браќа биле изложени на малтретирање.

Спонзорирано: