14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Европската комисија: Ковид-19 да се признае како професионална болест во некои сектори

Европската комисија денеска усвои ажурирана препорака за професионални болести, во која им препорачува на земјите членки да се препознае Ковид-19 како професионална болест во одредени сектори.

Препораката бара од земјите членки да го препознаат Ковид-19 како професионална болест кога се заразени работниците што работат на превенција на болестите, вработените во здравствената и социјалната заштита, во домашна нега или за време на пандемијата и во други сектори каде што има епидемија и каде што е докажан ризик од инфекција.

„Комисијата исто така ја нагласува важноста за поддршка на работниците заразени од коронавирус и семејствата што изгубиле членови поради изложеност на болеста на работното место. Целта на препораката е подобра заштита на работниците, а на земјите членки е да следат оваа препорака и ги дефинираат деталите во националното право“, соопштуваат од Европската комисија.

Спонзорирано: