14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Во руските напади во Доњецк загинаа пет, а ранети се четири лица

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени за време на руските напади во источниот украински регион Доњецк.

– На 26 ноември Русите убија пет цивили во регионот на Доњецк: тројца во Ридкодуб, еден во Часив Јар и еден во Бахмут. Уште четири лица во регионот се повредени – напиша во неделата наутро гувернерот на Доњецк Павло Кириленко на Телеграма.

Кириленко рече дека во моментов е невозможно да се утврди точниот број на повредени во областите Мариупол и Волноваха. Војната на Русија против Украина, која Москва ја опишува како „специјална воена операција“, влезе во деветтиот месец.

Според податоците на Обединетите нации, од февруари досега во Украина се убиени 6.595 цивили, а 10.189 се повредени.

Спонзорирано: